Пратеничката Ане Лашкоска на денешната собраниска седница зборуваше за разрешување на министерот за дијаспора каде посочи дека премиерот Димитар Ковачевски за овој министер нема кажано ниту една реченица ниту за неговото назначување, ниту за неговото разрешување. Имено таа дополни дека иако овој министер ќе се разреши сеуште не се знае кој ќе биде на негов заменик.
„Еве денес и на дневен ред го имаме и разрешувањето на министерот Џемаил Чупи за кој што премиерот не кажа ниту една реченица ни за неговото разрешување, ниту пак за неговото назначување пред една година. Интересно е да се потенцира што и во новиот предлог за министри, за заменик на овој министер нема дадено кандидат, значи ова министерство за дијаспора сеуште е Пазар 3, сеуште се продава ќе видиме кој ќе биде следниот купувач“- рече таа.
Лашкоска во текот на своето обраќање потенцираше дека од веб страната на ова министерство нема всушност ништо сработено во изминатите 6 години.
„Ја отворив веб страната за дијаспора за да видам што сработило ова министерство односно министерот Чупи заради тоа што истиот во јавност го немаме воопшто видено, а таму видов дека бил и министер без ресор истовремено и министер за дијаспора. Исто и тој претходно исто морам да потенцирам дека не само од делувањето од една година туку буквално од ова министерство нема ништо да направело или да сработило во изминативе 6 години. И нормално се потврдува дека ова министерство постои за да некој биде назначен за министер за да се задоволи направен пазар помеѓу коалициони партнери“-кажа пратеничката.
Лашкоска во врска со активности укажа дека Чупи нема активности, на веб страната како активности се спроведени активности на министерството за земјоделие, реформи во локален и рурален развој кој што не постојат и така натаму.
„И бидејќи нема никакви активности, замислете на веб страна на ова министерство споредувани се активности на министерството за земјоделие, реформи во локален и рурален развој кој што не постојат, ама дури и овој министер си ги присвојува, па во активности навел средба со претприемач наш од дијаспора, потоа дека присуствувал на доделување на наградата за новинарство „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, присуствувал на регионална конференција за борба против корупција, обуки каде воопшто не му е местото. Ова се активностите на министерот кој што денес во разрешуваме“- додаде Лашкоска.
Извор: ВМРО ДПМНЕ