Силен земјотрес во Грција од 5,2 степени според Рихтеровата скала

0
174

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер бил регистриран на грчкиот остров Евија кусо пред 8.30 часот утрово по локално време, согласно податоците од Геодинамичкиот центар на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот на земјотресот бил во централниот дел на Евија, а беше почувствуван и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

извор:МИА