Приведена малолетничка, во нејзиниот ученички ранец пронајдена марихуана

На 09.11.2023 во 18.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода е лишена од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана.
Во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила делото.
Малолетничката е предадена на родителот, за случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
MVR