Ковачевски со честитка по повод 13 Ноември- Денот на ослободувањето на Скопје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до граѓаните по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.

„Денеска кога го одбележуваме 13 Ноември-Денот на ослободувањето на Скопје, се сеќаваме и го празнуваме херојството на борците кои пред 79 години извојуваа победа и испишаа нова историја на ослободеното Скопје.

Вечна слава и длабока почит на нашите храбри борци кои по цена на своите животи ја извојуваа слободата во која живееме денес, слободата на градот кој денес е симбол на непокорот и заедништвото на нашите предци.

Заедништвото ги обединило нашите борци во напорите за ослободување на Скопје, заедништвото ќе ни помогне и во сите идни предизвици.

Честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје!“, се вели во честитката на премиерот Ковачевски објавена на социјалната мрежа Фејсбук.

 

фото: Архива