Трибина „Свет меѓу две култури – Стерјо Спасе и важноста на неговото книжевно дело“

Педагошкиот факултет од Корча, во соработка со Македонското
друштво Сонце, во просториите на Музејот „Стерјо Спасе“ во село
Глобочани, општина Пустец, одржа трибина на тема „Свет меѓу две
култури – Стерјо Спасе и важноста на неговото.

Во своето излагање, деканката на Филолошкиот факултет Јонела Спахо ја
истакна важноста на проектот фокусирајќи се на спецификите на
творечкиот опус на писателот Стерјо Спасе, Македонец од Глобочани,
еден од најпознатите албански писатели.

„Македонската заедница во Албанија е драгоцено богатство за
вредностите на културното и фолклорното наследство, кои послужија како
научни студиски координати за дипломски работи на студентите на
студиската програма јазик и литература на овој факултет“, рече меѓу
другото Спахо.
Во својот говор, професорот од овој факултет, Ерис Руси високо ја оцени
книжевната и културната соработка меѓу Албанија и Македонија.

Тој го спомна и воспоставувањето на мрежа на книжевна критика како
заедничка иницијатива меѓу двете земји што, како што рече, ја зајакнува
можноста за научно истражување и книжевна интерпретација на текстови
објавени на албански и на македонски јазик.

Васил Стерјовски високо ги оцени придобивките од овој проект и кажа
дека има можност за активно вклучување на студентите кои во иднина
може да бидат дел од студиските програми на универзитетот „Фан С.
Ноли“.
„Ваквите иницијативи се многу значајни за животот и хармонијата во
заедницата“, оцени тој

На крајот од средбата присутните ученици и наставници изразија
благодарност за оваа инспиративна средба и изразија надеж дека вакви и
слични средби ќе има почесто.

 

 

makedonium.net