Судот го прогласи Шукри Зекири за виновен во сообраќајната несреќа на Пластичарската улица во Скопје која се случи пред два месеца, при што со возило удри 11-годишно момче кое почина од повредите, објави Телма.
Доби затворска казна од две години и три месеци, бидејќи возел со недозволена брзина од 76 километри на час и удрил во Мануел Асановски, кој пак како пешак истрчал на улицата каде неамло пешачки премин, без да внимава на возилата. Зекири удрил во телото на детето, кое се здобило со тешки телесни повреди од кои починал на самото место. Иако Зекири избегал и не пружил помош, олеснителна околност му е што ја признава вината. За ова кривично дело предвидена е затворска казна од 1 до 5 години.