Авионите со пациенти од Газа синоќа пристигнаа во Турција

0
186

Два турски авиона во кои се наоѓаа пациенти заболени од рак и нивните придружници евакуирани од Газа, пристигнаа во Туркије, јавува Анадолу.

Авионите што полетаа од египетскиот аеродром „Ал Ариш“, слетаа синоќа на аеродромот „Есенбога“ во Анкара.

Министерот за здравство на Туркије, Фахретин Коџа, се врати во Анкара од Египет заедно со пациентите, по бројните состаноци одржани во Египет, со цел давање здравствена помош за Газа и префрлување на пациентите и повредените во Туркије.

Пациентите, кои се евакуирани од Газа, прво пристигнаа на аеродромот „Ал Ариш“ со возила на итната помош, а потоа се сместени во авионот на турското Претседателство и на Министерството за одбрана. По завршеното сместување на пациентите, авионите полетаа кон Туркије.

Авионите со пациентите во турската престолнина Анкара синоќа ги пречекаа медицински екипи.

Лекувањето на пациентите ќе продолжи во Градската болница Билкент во Анкара.

извор:Анадолу.
фото:Анадолу.