Редици граѓани, плаќаат скапи цени за пасоши и лични карти со „северна“ кои МВР нема капацитет да ги направи и дистрибуира во законскиот рок.
Лошото и катастрофално менаџирање на Министерството за внатрешни работи, повторно паѓа на грбот на граѓаните. Натписот „Северна“ и промената на важечките лични документи за таа намена, не само што е причина за дополнителни високи трошоци, туку тоа предизвикува и сериозен револт, малтретирање и нервоза, а остава сериозен простор и за корупција. По којзнае кој пат, во последните шест години, нефункционалните идеи на Оливер Спасовски, наместо да обезбедат нормални и пристојни услови, тие создаваат хаос во чии рамки граѓаните се приморани да трпат гужви и по студено и дождливо време да чекаат со часови во редица за да го добијат својот личен документ. Да не заборавиме дека голем дел од тие граѓани, се возрасни, со нарушено здравје и со попречности, а има и мајки со мали деца.
Наместо да ги малтретира граѓаните и со донации од приватни компании да креира нефункционални ад хок решенија, Министерството за внатрешни работи, неопходно е да обезбеди соодветни услови, каде граѓаните ќе можат, во законски предвидениот рок и на достоинствен начин да го извадат личниот документ за кој плаќаат високи цени и со тоа да си ги остварат своите законски права.
Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе воспостави систем за автоматско известување на граѓаните за истечени документи, ќе се модернизира инфраструктурата каде се поставени и ќе се отворат нови дисперзирани базни станици за фотографирање и ќе се воведе можност за достава на личните документи на домашна адреса.
извор: ВМРО ДПМНЕ