По најавениот протест на вработените за здравството, Здравствен дом Скопје презема мерки.
Надлежните уплашени од протестот и масовност на истиот издадоа наредба за двојна евиденција. Или секој вработен освен електронски кога пристигнал на работа и кога заминал, ќе мора да стави и потпис и во тетратка.
Вработените кои сакаат да останат анонимни коментираат кратко дека ситуацијата е исклучително лоша од секој аспект и додаваат дека овој чекор е резултат само на најавениот протест.