More

    Еден загинат и двајца повредени на патот Гостивар – Стража

    Еден човек загина, а двајца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила прексиноќа на магистралниот пат Гостивар-Стража.

    -На 15.11.2023 во 22.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Стража, кај Новоселски пат, патничко моторно возило „опел корса“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(42) од с.Долна Белица, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди  на местото починал сопатникот З.А.(54) од с.Долна Белица, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Б.И.(41) од с.Велешта, струшко, констатирани во Општата болница Гостивар, информираат од МВР.

    Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.

     

    skopskoeho.mk

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    overcast clouds
    2.8 ° C
    2.8 °
    2.8 °
    87 %
    1kmh
    100 %
    Thu
    9 °
    Fri
    13 °
    Sat
    15 °
    Sun
    10 °
    Mon
    6 °
    spot_imgspot_img