(ВИДЕО) Австрискиот претседател бил каснат од кучето на молдавската претседателка

Дипломатскиот инцидент се случи во Кишињев за време на посетата на австрискиот претседател Александар Ван дер Белен

Имено, кучето на претседателката на Молдавија, Маја Санду, го каснало австрискиот лидер за рака кога се обидел да го погали.

По инцидентот, Санду се извинила и објаснила дека кучето се исплашило поради големиот број луѓе.

„Кучето на молдавската претседателка Маја Санду го касна прстот на австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, кој пристигна во Кишињев“, се наведува во описот на видеото.

Ван дер Белен на следниот состанок се појави со завој на раката.

fokus.mk