(ВИДЕО) Ковачевски, Вучиќ и Милатовиќ видно расположени, во еден глас пееја „Дајте вина хочу лом“

Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, по свеченото отворање на Вториот меѓународен саем за вино Вино на отворениот Балкан и билатералните средби, заедно со домаќинот српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и други дојдоа на вечера во ресторан во Белград.

Вечерта по самот за вино во опуштена атмосфера во кафеана претседателот на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Јаков Милатовиќ и премиерот Димитар Ковачевски дегустираа вино.

На Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“ беше објавено видео од ресторанот, а премиерот Ковачевски заедно со Вучиќ и Милатовиќ ја отпеа добр песната „Дајте вина, хочу лом“.
– Да живее пријателството меѓу Црна Гора, Македонија и Србија! – стои во објавата на Инстаграм под видеото во кое може да се слушне пеењето на тројцата политичари.