Комисијата за верски заедници и порача на општина Тетово да нема селективен пристап кон верските обележја

0
248

Денеска градоначалникот на Тетово, Биљал Касами ја повика Македонската православна црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) да биде тргнат крстот од планината.

Комисијата за односи со верските заедници денеска излезе со став поради поставениот 15-метарски крст во манастирската црква Свети „Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, откако во текот на вчерашниот ден имаше бура од реакции од политичкиот блок на Албанците, како и од градоначалникот на Тетово и мнозинството на Советот на општина Тетово.

Од Комисијата повикаа на внимателност и воздржаност од граѓаните, но и упатија за неселективна и принципиелна поставеност на општина Тетово.

„Комисијата за односи со верските заедници повикува на внимателност и воздржаност од граѓаните, како и мудрост во раководењето со институциите од оние кои добиле мандат од граѓаните да градат хармонично мултикултурно општество, кое само по себе не подразбира исклучивост на ниту една култура, туку нивна коегзистенција и почитување на различностите“се наведува во соопштението.

Оттаму посочуваат дека Комисијата ќе остане посветена во одржување на добрите меѓуверски односи.

„Затоа, имајќи ја сензитивноста во предвид апелираме политиката и на неа сродните интереси да не се вмешуваат во меѓучовековите односи. Во однос на изградбата на профани или религиозни објекти, како и поставување на нивни обележја на туристичкиот центар Попова Шапка упатуваме на неселективна и принципиелна поставеност на општина Тетово“порачуваат од Комисијата.

Вчера се одржа вонредна седница на Советот на општина Тетово, со поставена само само една точка на дневниот ред, за „Информација за поставување крст на Попова Шапка“.

 

извор: libertas.mk