Во северно Косово приведени 8 цариници и полицаец поради злоупотреба на службена положба

Во текот на акција спроведена на повеќе локации во Северна Митровица приведени се 9 службени лица осомничени за кривично дело злоупотреба на службена положба и примање мито, известува Анадолу.

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека во потполна соработка и координација со Царината на Косово и релевантните механизми преземале активности на контрола на 11 локации, поддржани од Косовската полиција. Истрагата е извршена со цел собирање докази и приведување на 9 службеници осомничени за кривично дело „Злоупотреба на службена положба или овластување“ и „Примање мито“.

„Во текот на оваа акција собрани се докази кои го поткрепуваат сомнежот дека овие 9 службени лица, од кои 8 цариници и еден полициски службеник на Граничната полиција, се вмешани во кривични дела за кои се обвинуваат“, се наведува во соопштението.

Во текот на акцијата одземени се важни предмети за понатамошна истрага, како што се 12 службени печати на Царината на Косово, 10 телефони заедно со 4 СИМ картички, пиштол со калибар од 9 мм и три шаржери, 9 куршуми со дозвола и 16 парчиња неофицијална муниција.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.