Сателитот „Солар орбитер“ направи фотографии од Сонцето со висока резолуција

0
374

„Солар орбитер“, сателитот за набљудување на Сонцето на Европската вселенска агенција (ESA), од далечина од 74 милиони километри направи фотографија од Сонцето со висока резолуција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веб-страницата „Аутоеволушн“, за да се добие фотографија со висока резолуција од сончевата корона​​​​​​​, треба да се користи телескоп за екстремни ултравиолетови слики (EUI).

За со телескопот да се добие целото Сонце на фотографии, направени се 25 фотографии од далечина од 74 милиони километри (половина од Земјата и Сонцето).

Потоа, за да може да се види целото Сонце, фотографиите се споени. Европската вселенска агенција истакна дека фотографијата содржи повеќе од 83 милиони пиксели.

Додадено е дека таа резолуција е десетпати поголема од онаа што се гледа на телевизискиот екран со резолуција 4K.

Снимањето на Сонцето со висока резолуција се очекува да помогне подобро да се разбере магнетната активност на овој масивен извор на топлина и светлина.

Сателитот опремен со сензори и камери се очекува да се приближи на 42 милиони километри до Сонцето и да открие многу непознати како што е магнетната активност на Сонцето.

„Солар орбитер“, сателитот за набљудување на ЕСА, поддржан од американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (NASA), беше лансиран од вселенската станица „Кејп Канаверал“ во САД на февруари 2020 година за добивање дополнителни информации за Сонцето.

извор: Агенција Анадолија (АА).