DW: Враќање на нуклеарната закана: Како функционира логиката на одвраќање?

0
309

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, ги стави руските нуклеарни сили во „посебен степен на подготвеност“ на почетокот на војната во Украина, незадоволството во Европа беше големо. По предупредувањето од Запад, стигна вториот чекор: на почетокот на март претседателот како маневар ги мобилизираше руските подморници со нуклеарно оружје и мобилните ракетни единици. Дали Путин им се заканува на своите противници на Запад со нуклеарен напад?

Со над 6.300 боеви глави, Русија го поседува најголемиот нуклеарен арсенал во светот. Меѓу членките на НАТО, САД имаат најголема нуклеарна сила со околу 5.800 нуклеарни боеви глави. Франција, наводно, има околу 300, а Обединетото Кралство околу 215 боеви глави. Точни податоци нема – во контекст на нуклеарните програми државите ги држат информациите целосно во тајност, објави DW. 

Како Европа се штити од напади со нуклеарно оружје?

Дури и ако се зборува за „нуклеарен одбранбен штит“, од страна на САД, нуклеарен напад на Европа не може да се спречи по воен пат. Всушност, „одбранбениот штит“ се темели на претпоставка дека противникот не би се осудил да ги нападне земјите од НАТО со нуклеарно оружје бидејќи би морал да смета на противнапад.

Таков воен одговор би можела да нареди и да изврши која била нуклеарна сила на НАТО: САД, Британија и Франција. Сите три држави поседуваат стратешко нуклеарно оружје кое, меѓу останатото, може да уништи нуклеарни подморници и на тој начин да овозможи контранапад во секое замисливо сценарио.

Нуклеарните сили на НАТО следат различни концепти на одвраќање. Франција и Велика Британија се потпираат на таканаречениот минимален фактор на одвраќање. Тие така не поаѓаат од тоа дека нуклеарниот конфликт би можел да трае неколку дена. Нив им е доволна способноста да се одмаздат или да го запрат непријателот со „последен удар на предупредување“ како што станува збор во случајот на Франција.

САД, од друга страна, се потпираат на пошироко одвраќање, кое вклучува и нуклеарно оружје со намалена експлозивна сила. Идејата зад ова е тоа што американските воени планери разгледуваат, барем во теорија, можност за „ограничена нуклеарна војна“.

Текстот во целост на: DW.