Турција: Неутрализирана мината поради која привремено беше запрен поморскиот сообраќај низ Босфор

0
262

Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, соопшти дека надлежните служби во Босфорскиот Теснец пронашле и неутрализирале стара мина по добиеното предупредување, по што привремено беше запрен поморскиот сообраќај во Теснецот, известува Агенција Анадолија (АА).

Министерот Акар се наоѓа во службена посета на Катар, а по тој повод ја посети и Командата на обединетите сили на Катар и Турција.

Министерот Акар за АА изјави дека припадниците на надлежните САС-единици ја неутрализирале старата мина што е откриена во водите на истанбулскиот теснец Босфор.

„Во утринските часови од еден комерцијален брод што пловел низ Босфор дојде предупредување дека е виден објект во облик на мина. Нашите служби извршија интензивни патроли на тоа подрачје. САС-тимот бргу е префрлен на тоа подрачје. Утврдено е дека забележаниот објект е мина, која е од стар тип. САС-тимот ја неутрализираше мината. Разговаравме по ова прашање и со властите од Русија и Украина. Нашата координација продолжува“, рече Акар.

Министерот Акар рече дека е завршена потребната координација со Крајбрежната стража и другите релевантни институции и организации, а особено со поморските сили на Турција, со цел да се осигури безбедното продолжување на поморскиот сообраќај.

„Преземени се потребните мерки. Поморскиот сообраќај се одвива безбедно. Пловечките и воздухопловните елементи на нашата морнарица будно ги следат активностите и продолжуваат со работата“, изјави турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар.

извор: Агенција Анадолија (АА).