Три лица повредени во сообраќајна незгода на патниот правец Тетово -Скопје

0
158

Во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот во близина на угостителски објект, се случила сообраќајката меѓу две патнички возила со тетовски таблички и тоа „фолксваген голф” управуван од 62-годишниот Ш.А. од тетовско Желино и „опел астра” што го управувал 58-годишниот тетовец Б.И.

Во несреќата, возачот на „опелот” и сопатниците од „голфот”  Б.А. (27) и 19-годишната А.А. од Желино се здобиле со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

 

mkd.mk