Денеска во Битола е уапсена 44-годишната Розмарин Стојковска по која имало распишана потерница за издржување на затворска казна од 8 и пол години. Стојковска е поранешна вработена во УЈП во Скопје која ги злоупотребувала податоците на даночните обврзници со што успевала да ги измами за да им земе пари како противуслуга за добивање на државна помош или државни субвенции за кредит, oбјави „Телма“.
Успевала да измами и луѓе на кои им земала пари нудејќи им наводна помош за добивање на инвалидска пензија или помош за ширење на бизнисот.
МВР потврди дека е уапсена бегалката од законот по што е префрлена на издржување на казната во Идризово. Најдена е во живеалиште во Битола. -При претресот во домот на Р.С. пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, како и предмети кои ќе помогнат во расчистување на претходно пријавени кривични дела, објавија од МВР.