Нов скандал со малолетници денеска ја потресе Србија. Српските медиуми објавија тврдења дека меѓу учениците во ОУ „Вук Караџиќ“ во Сурдулица кружи експлицитна снимка од сексуални односи меѓу ученици кои се одвивале во просториите на училиштето
Ученици од шестто одделени од Сурдулица имале сексуални односи во училница, а експлицитна снимка од сексот кружи меѓу учениците во Основното училиште „Вук Караџиќ“, објавија денеска српските медиуми.
За новиот скандал со малолетници што ја потресе Србија бил информирано Вишото јавно обвинителство во Врање, а случајот е пријавен и во полиција и се преземаат мерки за откривање на деталите, објави Нова.рс
Според информациите објавени во медиумите, на снимката наводно се две момчиња и едно девојче, сите помлади од 14 години, снимени во сцена на орален секс во училницата.
Утврдено е дека актерите се деца на возраст до 14 години, и дека не подлежат на кривична одговорност, па наредено е во случајот да се вклучат Центарот за социјална работа и надлежните училишни служби – потврдија од канцеларијата на Вишото јавно обвинителство во Врање за Блиц.
Состојбата во училиштето е вонредна, педагогот е на боледување, а никој од вработените не сака јавно да зборува.Според неофицијални информации, снимката била направена во една од училниците, пренесуваат српските медиуми.
Родителите се шокирани и револтирани од тоа што се случува во училиштата.
Никој не може со сигурност да каже што се случило. Сите сме слушнале некои приказни. Страшно е тоа на што спаднаа нашите училишта, вели еден од родителите чие дете оди во училиштето во Сурдулица во кое се случил скандалот за Телеграф.рс
извор: Телеграф.рс