Пронајден мртов пред домот, синот на Тина Тарнер

0
432

Синот на познатата пејачка Тина Тарнер, Рони е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес.

Снаата на Тина Тарнер му оддаде почит на нејзиниот сопруг во петокот, откако беше пронајден мртов пред неговиот дом во Лос Анџелес. Причината за смртта не е објавена, а останува нејасно дали неговата смрт е поврзана со претходната дијагноза на рак.

Според TMZ, соседите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.

Неговата сопруга Афида сега објави почит на нејзиниот покоен сопруг – споделувајќи фотографии од нивното време заедно.

„Овој пат дадов се од себе до крај“, напиша таа. „Не можев да те спасам“.

За потсетување, смртта на Рони доаѓа само четири години откако постариот син на пејачката Крег се самоуби во јули 2018. Тарнер го роди Крег кога имала само 18 години, откако забременила со саксофонистот Рејмонд Хил, пишува Daily Mail.

Крег работел како агент и се самоубил во својот дом во јули 2018. Имал 59 години.

 

vesnik.com