Жена пронајдена мртва во својот стан во Скопје

0
208

Министерството за внатрешни работи информира дека во стан во Скопје била пронајдена почината 31-годишна жена од Скопје.

Имено вчера во 14.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Симеон Кавракиров“ починала М.М.(31) од Скопје.

Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство.

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

skopskoeho.mk