Вања му напишала писмо со благодарност на татко ѝ, сега еден од осмничените за нејзиното убиство, открива нејзина наставничка

0
494

Многу потресни детали излегуваат на виделина по грозоморното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска во кое меѓу обвинетите е и нејзиниот татко. Објава на нејзината наставничка по македонски јазик во ОУ „Јохан Јанрих Песталоци“ на социјалните мрежи открива дека во еден училишен проект за Денот на благодарноста во кој задачата била учениците да напишат писмо на личност на која ѝсе благодарни, Вања писмото со благодарност му го посветила на својот татко.

„Вања е едно мило и емпатично дете, не би презела активности за да повреди или казни некого, дури и кога е лута. Правевме социјален експеримент за Денот на благодарноста, дел од задачата беше да пишуваат за личноста на која најмногу ѝ се благодарни. Таа му напиша писмо на татко ѝ. Такви се и голем дел од децата во таа паралелка, има на кого да му се довери и кој да ѝ понуди вистинска помош…“ – пишува во статусот на наставничката на Вања објавен додека сѐ уште траеше потрагата по девојчето.