Дојави за бомби во РТС и РТВ

На 24 ноември зградите на Радио-телевизија Србија (РТС) и Радио-телевизијата Војводина (РТВ) повторно добиле дојава за бомба.

РТС добила дојава за поставена бомба во објектите на Кошутњак, а полицијата е на терен, изјавија за агенцијата Бета од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што е објавено на веб-страницата на РТВ, за овој случај се известени припадници на полицијата, а во моментов е во тек антидиверзантски увид на објектот.

Ова е втор пат оваа недела РТС и РТВ да добиваат заканувачки пораки за поставување експлозивна направа.

Претходно тоа беше на 21 ноември кога беше утврдено дека пријавите биле лажни.

извор slobodnaevropa.mk