МВР во најновиот билтен информира за пронајдени три починати лица во изминатото деноноќие на три различни места.
Најпрво било пронајдено 63-годишно машко лице во близина на скопската обиколница.
„На 07.11.2024 во 13.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на потегот од клучка Арачиново кон клучка Хиподром било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Б.М.(63) од Скопје, за кој на 27.10.2024 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од МВР.
Претходно било пронајдено починато лице на кејот на реката Вардар.
„На 07.11.2024 во 09.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на реката Вардар, во близина на паркот „Франкофонија“, било пронајдено тело на починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“.
Во 13:50 часот, во Карпош пронајдено уште едно починато лице.
„На 07.11.2024 во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на скали за влез во подрумски простории на подрачјето на Карпош било пронајдено починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“.