Дисциплинска одговорност за дополнителен началник на СВР и Началник на ООЗР при СВР Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави предлог за утврдување дисциплинска одговорност за лицето Б.Р. на работно место дополнителен началник на СВР Куманово и лицето С.С. на работно место началник на Одделение за општи и заеднички работи при СВР Куманово, напиша на Фејсбук, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Имено, од страна на Одделот за дисциплински и судски постапки донесено е решение со кое на работник А.Д. – началник на Отсек за Компјутерски криминал при СВР Куманово му се изрекува дисциплинска мерка „распоредување на работно место на едно ниво пониско“, притоа од страна на Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси при БЈБ до тогашниот началник на СВР Куманово и началникот на ООЗР било доставено барање за добивање предлог за распоредување на лицето А.Д. на едно место пониско, согласно донесеното решение од дисциплинската постапка. Но, од нивна страна не бил даден предлог за распоредување со што го оневозможиле спроведувањето на решение и притоа спротивно на решението и утврдената дисциплинска одговорност, А.Д. продолжил работни задачи и да биде раководен работник во Отсек за Компјутерски криминал при СВР Куманово, обелоденува Тошковски.