Повеќе од 3,7 милиони гласачи во Хрватска денес бираат нов Хрватски сабор

Во Хрватска се отворени избирачките места на кои повеќе од 3,7 милиони гласачи ќе одлучуваат за тоа кој ќе ги застапува идните четири години и кој ќе добие можност да формира нова Влада и да управува со државата, јавува Анадолу.

На овие парламентарни избори има 120.000 гласачи помалку отколку пред четири години. Со престојувалиште во Хрватска има 3.511.000 гласачи, додека без престојувалиште во Хрватска активно се регистрирани 222.300 гласачи.

Во трката за избор на членови на 11. состав на Хрватскиот сабор учествуваат 2.302 кандидати на 165 листи.

Денес е неработен ден во Хрватска, а гласачките места ќе бидат затворени во 19 часот. Гласањето во Хрватска опфаќа 12 изборни единици. Десет изборни единици се однесуваат на територијата на Хрватска. Гласањето на дијаспората е во 11-тата изборна единица, а 12-тата се однесува на гласањето претставници на малцинствата во Хрватска.

Гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва на Хрватска трае два дена, а започна вчера. Хрватските државјани без престојувалиште во Хрватска бираат вкупно 151 пратеник во Саборот. Единаесеттата изборна единица го опфаќаа гласањето на дијаспората во вкупно 41 држава.

Малцинствата во Хрватска се опфатени со 12-тата изборна единица во која се избираат 8 пратеници од малцинствата. Србите како најбројно малцинство во Хрватскиот сабор имаат право на тројца пратеници. Во Саборот има еден пратеник како претставник на Албанците, Бошњаците, Црногорците, Македонците и Словенците како малцинства во оваа земја. Во претходниот состав на Хрватскиот сабор малцинствата ги претставуваше претставничката на Албанците.

Победникот на гласањето на малцинствата следните четири години ќе ги претставува наведените малцинства во Хрватскиот сабор. За останатите четири претставници на малцинствата што се бираат во 12-тата изборна единица ќе гласаат сите државјани на Република Хрватска кои се регистрирани како припадници на едно од 22-те институцијализирани национални малцинства во земјата.

Најголемо изненадување на овие избори предизвика соопштението дека претседателот Зоран Милановиќ излегува на парламентарните избори како премиерски кандидат на Социјалдемократската партија (СДП), односно на коалицијата Река на правдата, што предизвика полемики во јавноста, и реакции и оценка на Уставниот суд на Хрватска дека претседателот на Република Хрватска не може да се кандидира на парламентарни избори, освен доколку не поднесе оставка од активната функција претседател. Меѓутоа, и покрај препораките на Уставниот суд, Милановиќ остана во кампањата на коалицијата Река на правдата, така што најави оставка од претседателската функција кога и службено ќе се регистрира како премиерски кандидат на мнозинството. Функцијата претседател на Хрватска во тој случај привремено ќе може да ја преземе претседателот на Хрватскиот сабор или некој од потпретседателите.

Премиерски кандидат на ХДЗ е Андреј Пленковиќ, кој оваа функција ја извршува од 2016 година. Паријата Мост како свој премиерски кандидат го прикажа Никола Грмоја, а партијата која моментално е на власт во Загреб „Можеме“, пратеничката Сандра Бенчиќ.

За преземање на власта и именување премиер на чело на новата Влада, победничката партија или коалиција ќе мора на претседателот на Хрватска да му предочи поддршка на најмалку 76 пратеници избрани на парламентарните избори, што е минимално мнозинство од вкупно 151 пратеник во Хрватскиот сабор.

За Хрватска, 2024 година е супер изборна година бидејќи граѓаните ќе имаат можност да гласаат три пати. По парламентарните избори, на 9 јуни следуваат избори за Европскиот парламент, како и во другите земји членки на Европската Унија. Кон крајот на 2024 година граѓаните на Хрватска ќе гласаат и на претседателски избори. Првиот круг треба да се одржи кон крајот на декември, а доколку има втор круг, тој ќе се одржи кон почетокот на 2025 година, до кога трае петгодишниот мандат на актуелниот претседател Зоран Милановиќ.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.