Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и проф. д-р Снежана Дичевска, декан на Факултетот за туризам и угостителство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, денеска потпишаа меморандум за соработка.
Соработката подразбира реализација на активности од страните потписнички во насока на развој на високото образование и наука. Страните потписнички поаѓајќи од своите интерни правила и интереси можат да склучат посебни договори во врска со меѓусебната соработка. Активностите и соработката ги почитуваат правилата и прописите воспоставени од страните потписнички без финансиски импликации , така што за сите активности за кои ќе бидат потребни финансиски средства ќе бидат уредени со посебни договори.
Меморандумот стапува во сила од денот на потпишувањето.