Западна Албанија парализирана од снег, неколку села се без струја во Гора и Голо Брдо

0
200

Во областите Голо Брдо и Гора, Република Албанија, населени со Македонци, снегот кој паѓа со несмален интензитет, како и во другите делови на земјата, пред сè во северниот и северисточниот дел, почна да ги предизвикува првите проблеми.

Според албанските надлежни служби во Гора, каде снежната покривка е 20 сантиметри, освен потешкотииите во одвивањето на сообраќајот, има прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Поради искинати проводници без струја се неколку села меѓу кои и најголемите, Шиштевац и Топојан.

Поради остатоци од кашест снег на автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит) преминот „Блато“ кај Дебар до Тирана, албанската полиција препорачува внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација.

foto arhiva

slobodenpecat.mk