Оваа влада се соочи со здравствена криза, по што заради Албанија не ги отпочнавме преговорите со ЕУ во 2021 година. Потоа следеше оставка на Заев. Потоа следуваше војната на Русија против Украина која предизвика енергетска и општа криза насекаде во светот, но ние најдовме мерки и решенија. Кога граѓаните ќе носат одлука на изборите ќе треба да ги потсетиме на околностите со кои се соочуваше оваа влада, вели вицепремиерот во Владата Артан Груби во СТУДИО 10 на ТВ 24.
– Јас никогаш не сум кажал дека Албанците владеат со државата туку дека и Албанците владеат со државата. Оние прашања што ги покренавме во предизборната кампања веќе се реализирани, вели Груби и коментира дека денеска се се вади од контекст и се спинува. – Ниту Албанците може да владеат сами ниту Македонците може да владеат сами, коментира Груби.
Груби вели дека ДУИ ќе се откажат од премиер Албанец, ќе излезат од влада, ќе се откажат од техничка влада и се понатаму, ако ВМРО-ДПМНЕ се согласи да ги изгласа уставните пормени и да го откочи патот кон ЕУ.
– Соопштенијата на албанската опозиција се пишуваат во ВМРО-ДПМНЕ. Се што не може да каже ВМРО-ДПМНЕ оди преку албанската опозиција, вели Груби.
Тој негира дека во неговиот кабинет се сместени портали и вели дека нема потреба од тоа затоа што има свој Фејсбук профил и страница, како и на другите социјални мрежи.
Груби негира дека Али Ахмети го спасува Никола Груевски и вели дека тоа е пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ која се спроведува преку албанската опозиција. За него идеален кандидат за премиер Албанец би бил Али Ахмети, но според Груби Ахмети има други планови.
извор: ТВ 24.