Деновиве во јавноста проструија многу информации кои не влеваат надеж за македонскиот државен производител на електрична енергија ЕСМ. Неофицијано низ Битола, каде е најголемиот енергетски комбинат РЕК Битола, се зборува за околу 450 нови вработувања на партиски послушници во РЕК Битола, а во цело ЕСМ таа бројка достигнува 700, се вели во објавата на ФБ страната Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение објавата ја пренесуваме во целост:
Новина е дека на тендерот кај ЕВН ХОМЕ победи ЕСМ, но со 7,5 % повисока цена од минатиот тендер. Секако на јавноста добро и е познато дека ова зголемување значително ќе влијае на крајната цена кај домаќинставата и малите потрошувачи.
Сам по себе се наметнува заклучокот дека сите ние ќе ги платиме од свој џеб овие нови вработувања на 700 партиски војници, преку повисоката цена на струјата.
Дури и она мало предизборно „частење“ на Бислимоски со враќање на ефтината тарифа за домаќинствата кое едвај би се почуствувало, сега се стопи поради ова енормно покачување од 7,5 %.
Се поставува прашањето дали за да го купат социјаниот мир сега регулаторите ќе удрат по цената на малите потрошувачи, обидувајќи се да ги заштитат домаќинствата од ценовен шок? Но, тоа би значело повторен удар врз економијата, бидејќи малите потрошувачи се т.н. „мал бизнис“, кој исто такја плаќа даноци и го полни буџетот!
Како и да е, некој ќе го извлече подебелиот крај, а со оваа власт на СДС и ДУИ тоа се сите граѓани на Република Македонија.