Ужас во Србија – Мајка го полила синот со бензин па го запалила

0
131

Мајка (44) од градот Српска Црње во Србија во петокот вечерта го полила својот син (26) со бензин и го запалила во семејната куќа, дознава Блиц.

Повредениот со тешки физички повреди во вид на изгореници по целото тело е префрлен прво во болницата Зрењанин, а потоа и во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, каде се борат за неговиот живот.

Блиц дознава дека осомничената издржува казна домашен притвор со електронски мониторинг (наногица) и дека нејзиниот син дошол да ја посети кога по расправија го полила со бензин и го запалила.