Спасовски: Љупчо Палевски Палчо е лицето кое го испукало куршумот кон малолетната Вања Ѓорчевска

Љупчо Палевски Палчо е лицето кое го испукало куршумот кон малолетната Вања Ѓорчевска – потврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Спасовски го нарече монструм лицето кое, како што рече, е надвор од државата, а во јавноста веќе се знае дека се работи за Палчо.
Шефот на Скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски на прес-конференција изјави дека ова дело се казнува најтешко што може како казна според законите во земјава.

-Ќе биде издадена и меѓународна потерница за лицето кое не е во државата. Мотивот е користољубие, но при грабнувањето, веќе е чисто убиство и се казнува најстрого според Кривичниот законик, рече Бубевски.

Вели се уште не му е јасно зошто кога се работи за киднапирање поради изнуда на пари е убиено по само два часа по грабнувањето. Според приведените лица се работи за паника откако исчезнувањето на Вања почнало да се шири во медиумите и низ социјалните мрежи.
Или како што беше кажано на прес-конференцијата, испаничиле бидејќи јавно бил изнесен случајот за исчезнатото дете и ја убиле, а парите ќе ги барале подоцна.

Љупчо Палевски-Палчо е лицето кое е поврзано и со убиството на берберот Панче Жежовски. Тој во моментов не е достапен за органите на прогонот. Министерот Оливер Спасовски нагласи дека Палевски ја напуштил државата на 30 ноември. Излегол со возило заедно со неговиот адвокат со кого отишол во Белград па потоа преминал во Бугарија. Натамошното движење се утврдува.

Целта на грабнувањето било да се изнудат пари од мајката на девојчето од кои сите би имале корист. Вања била земена во влезот од зградата во која живее откако таткото споделил информации за времето на излегување на девојчето. Таткото кажал дека тој ден Вања сама ќе излезе од својот дом. Им кажал точно време кога ќе излезе, по што Вања била грабната во влезот од зградата каде што живее. Се уште има посредни докази против таткото.

Таа била грабната во влезот на зградата каде што живеела. Значи внатре во влезот. Таткото учествувал во насока на тоа кога девојчето ќе излезе од станот. Исто така имал комуникација со лицето што е надвор од државата- откри обвинителот Гаврило Бубевски.

Вања била грабната со врзани раце и нозе. Од влезот на зградата е изнесена во вреќа за спиење и ставена во багажникот на цитроенот кој подоцна беше најдено изгорено. Пред тоа возило било уште едно возило рено кангу, кое исто така учествува во дејствието. Лицата чија сопственост било возилото рено биле приведени, но се испоставило дека тие возилото го даваат на користење за потребите на партијата на Палчо, по што истите се пуштени.

Таткото ја негира поврзаноста но уште се собираат докази и уште се разговара.

 

извор:Република