Во Бразда е најдена МРТВА и 9 годишната Билјана Србиноска

На 24 декември 1989 година, деветгодишната Билјана Србиновска во попладневните часови излегува од играорното друштво „Танец“ и по булеварот Илинденска тргнува кон дома, кај Технолошкиот факултет во Скопје, но таму никогаш не стасала.

Некаде попатно девојчето мистериозно исчезнува, за да биде пронајдена мртва неколку недели подоцна. Телото на малата Билјана е пронајдено на 27 јануари 1990 година во атарот на скопското село Бразда.

Се трагало по села на падините на Скопска Црна Гора, сѐ додека дечко и девојка не ја алармираат милицијата дека во новобетонирана шахта во скопското село Бразда имало нешто што личело на човечки труп. За брзо време се утврдува дека тоа е малата Билјана. Некој врз ова дете садистички се изживувал со недели.

До ден денес кој ја киднапираше и зошто ја ликвидира не се дозна.