Возачот што удри во жардињера тврди дека автобусот не бил исправен–директорот демантира

„Ми е жал за патниците, ама такво нешто веќе не може. Доста веќе. Со партал возила пренесуваме патници, што не се виновни“. Вака возачот во ЈСП ја опиша вчерашната незгода кај „Мавровка“, откако со автобус удри во жардинера кај трговскиот центар. Веднаш по незгодата, тој заедно со еден патник биле пренесени во болница.

-А токму вчерашната незгода, ја прикажува вистинската слика за тоа како фунционира претпријатието.

Возачот не штедеше зборови за целиот хаос во ЈСП, особено за состојбата на автобусите и нивното сообраќање по улиците е вистински ризик за сите, објави Канал 5. 

-Пред да ми се случи, јас слушнав дека пукна кај воланот нешто. И ме повлече. Ова првпат ми се случува. Јас го влечам воланот на десно, автобусот ме качи горе. Јас со години ја должам линијата „двојка“. Од Сарај до Автокоманда и обратно ги знам најситните дупки. Ми побеле косата од на волан. Целиот се ежам,- изјава, Февзи Азири – возач на автобус во ЈСП.

Новиот директор на ЈСП, демантираше дека автобусот бил неисправен. Вели дека жали за целата случка и вети дека нема да има реперкусии кон возачот кој упати силни критики за состојбите на претпријатието.

Проблемите во ЈСП траат подолго време. Од доцнење на автобусите, штрајкови поради долгови и возење со последни резерви нафта. Голем дел од граѓаните се незадоволни од автобускиот превоз, кој е и тоа како потребен за функционирањето во главниот град.

 

Текстот во целост на: Канал 5.