Објавена меѓународна потерница за Љупчо Палевски Палчо

Објавена е меѓународна потерница за Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен како организатор и реализатор на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Љупчо Палевски – Палчо, кој е во бегство и кој се сомничи, како главен организатор на грабнувањето на Вања Ѓорчевска и нејзиното убиство, а тој самиот како извршител, е познат бизнисмен и политичар, чија што кариера е контроверзна и во спрега со тогашната власт на СДСМ, каде во времето на Бранко Црвенковски, беше претседател, на градската организација на партијата.

Тој е еден од основачите „урбаната мафија“ бидејќи во периодот кога се менуваат урбанистичките планови во Дебар Маало од мали куќички, почнуваат да се градат згради и почнува хаосот во Дебар Маало. Исто така и зградата пред кој беше грабната Вања Ѓорчевска ја градеше токму Љупчо Палевски.

Палевски е познат и по познатата зграда Тифани, која се изгради нелегално, со која булеварот Партизански Одреди, завршува во ќорсокак, очигледно свесно дозволена од тогашната власт, со која беше многу близок. Оваа зграда беше изградена на самата траса за подземна улица, која според плановите требаше да понира и да излезе пред т.н. Комплекс банки.

Во последните години, тој беше близок со луѓето од порталот Инфомакс, каде беше нивен редовен гостин и каде имаше дури и свој подкаст.

Во моментот, по него се уште се трага, а според информациите, тој прво пребегал во Белград, каде го однел својот адвокат, а од таму заминал за Бугарија, каде му се губи трагата.