Едно дете загина, додека 13 лица се повредени во сообраќајна несреќа на лизгав зимски пат во Германија

0
275

Едно дете загина, додека 13 лица се повредени во сообраќајна несреќа на лизгав зимски пат во Германија.

До несреќата дошло кога училишниот автобус удрил во возило на зимската служба, а потоа излизгал од патот и удрил во дрво.

Инцидентот се случил утрово околу 6 часот и 30 минути во завеано подрачје кај Зематал.

Портпаролката на полицијата за „Билд“ потврди дека детето загинало во несреќата. Засега не се знае колку години има и дали е момче или девојче.

Во несреќата тешко се повредени двајца возрасни, меѓу кои и возачот на автобусот. Уште 11 патници, од кои десет се деца, се здобиле со полесни повреди. Голем број на итните служби се на терен, а рутата е целосно затворена. Кризниот тим е во акција.

„Билд“ предупредува дека до пладне е крајно опасно на патиштата во Германија. Метеоролошките експерти предупредуваат на „црн мраз“ и снежни наноси.

Се сомнева дека до оваа несреќа довел и т.н „црн мраз“, додека надлежните велат дека тоа се уште не е потврдено.

„Точната причина за несреќата се уште се утврдува. Акцијата на лице место се уште е во тек со бројни служби за итна помош“, изјави портпаролката на полицијата.