Двајца ученици на 12 и 13 години приведени во Србија, поради испраќање заканувачки мејлови за поставени бомби во училиштата

0
153

Припадници на МВР во Србија, во соработка со Антитерористичката служба, идентификувале и пронашле двајца ученици од основно училиште на возраст од 12 и 13 години кои, како што се сомнева, во претходниот период праќале мејлови за поставени бомби во основните и средните училишта на подрачјето на Нови Пазар, како и во маркет.

Полицијата извршила разговор со момчињата во присуство на нивните родители и го известила Вишото јавно обвинителство во Нови Пазар и Центарот за социјална работа во овој град.

По наредба на Вишото јавно обвинителство Нови Пазар, поднесена е прекршочна пријава против родителите на момчињата поради постоење основи на сомнение дека сториле прекршок со тоа што не извршиле уреден надзор над децата.