Возач загина на лице место во тешка сообраќајна нереќа на автопатот Скопје-Куманово

0
57

На 02.09.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(34) од село Опае, кумановско,  удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице,  а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско.

Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А..

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

tv21.mk