Македонец се удавил во река во Швајцарија

0
70

Трагична несреќа се случи во Швајцарија откако маж од Македонија се удавил при пливање. Настанот се случил во неделата околу 15 часот откако мажот заедно со уште еден негов пријател решиле да пливаат во познатата река Аре кај Берн.

Според медиумите, две лица влегле во водата во реонот на ресторанот Фахрибеизли. Од непознати причини едниот од лицата западнал во неволја и завршил беживотно пловејќи по реката Аре, соопштуваат од полицијата.

И покрај напорите на брзата помош и укажаните мерки за спасување, сепак, тој починал кратко време подоцна.

Почната е истрага за несреќата под раководство на регионалното јавно обвинителство во Берн-Мителанд.

 

vecer.mk