Голем христијански празник, Водици и беспрекорна идеја и повод за еден уште поинтересен настан запросување кое ќе се памети цел живот. Идејата за еден ваков настан ја добива другарот Гоце од друштвото другари од Битола, кој постепено на ваков или сличен начин преку изненадување ги жени своите другари.
Овојпат светото место Калишта во манастирскиот комплекс на Пресвета Богородица е одбрано за среќното место и запроување на Мариа од страна на Јовче. Марија незнае ништо за настанот, само знае дека со своето момче Јовче од Битола се упатуваат кон Бигорскиот Манастир да го проследат верскиот настан Богојавление Водици, а потоа со целото друштво ќе се упатат за прв пат во посета на манастирскиот комплекс Калишта.
Сцената подготвена со златна свилена стаза, свеќници од двете страни, црвени балони и испишана табла со прашање „Дали ќе се омажиш за мене Мариа“?
Како што е редот најпрво пристигна Гоце, организаторот на ваквата идеја, кој заедно со својата сопруга Ангела се потрудија целокупното изненадување да изгледа беспрекорно. По каток период следеше доаѓањето на Мариа и Јовче, каде Јовче беше запознаен со ситуацијата но до детали сеуште не знаеше што го очекува.
Влезот од дворот на црквата Св.Богородица беше навистина збунувачки за Јовче а најголемо изненадување претрпи Мариа, кога го прочита своето име на таблата крај балоните. Таа беше навистина затечена и возбудена незнаејќи како да реагира, но и Јовче беше изненаден што буквално незнаеше каде треба да оди и што да прави.
Целокупната атмосфера беше дополнително проптатена и со шампањското кое го отвори другарот Гоце, аплаузи од сите присутни како и честитки кои доаѓаа од сите страни.
Им посакуваме многу љубов, заедничко и меѓусебно разбирање и секако нека бидат среќни и весели уште долго низ животот.
news1.mk