Македонец во Виена приведен поради опасни закани и повреди кон бремената сопруга

0
55

34 годишен државјанин на Македонија вчера ја повикал полицијата во Виена поради расправија со неговата бремена сопруга, потврдува полцијата во Виена.

Додека полицајците ги расветлувале фактите, жената изјавила дека била физички нападната и дека ѝ се заканувал нејзиниот сопруг дека ќе ја убие.

Во инцидентот таа била полесно повредена. Полицијата го привела 34-годишниот поради сомнение за опасни закани и телесни повреди.

 

tv21.mk