Актерот Бранислав Милиќевиќ, во јавноста попознат како Бранко Коцкица, се крсти вчера на 79-годишна возраст, јавуваат српските медиуми.
– Денеска во Христовата црква се приклучи новороденче Божјо. Бранко Коцкица се крсти на 79 години. Со чисти намери пристапил кон светата тајна Крштение. Потоа добро се забавуваше со пријателите, а потоа си отиде дома да ужива во мирот и блаженството на заедницата со Христос – се вели во објавата на Фејсбук.
Актерот неодамна проговори за тоа колку го нашол својот мир и дека е презадоволен од сработеното.
– Верувам дека сите имаме задача која се одразува во нашите способности. Од таа страна, мислам дека направив повеќе отколку што можев и не му должам ништо на Бога. Мирот што го постигнав благодарение на ова ми овозможува да бидам неизмерно задоволен од животот и неописливо среќен. Ако ништо друго, не сум болен, што е најважно на оваа возраст – заклучи своевремено за домашните медиуми.
Бранко Коцкица е најпознат по улогата во детската ТВ емисија „Коцка, коцка, коцкица“. Своето филмско деби го имаше во 1968 година со улога во воената драма „Причината за смртта не се споменува“. Тој одигра уште 20 други улоги во филмот и телевизијата, но најголема популарност му донесе детската емисија „Коцка, коцка, коцкица“, која се емитуваше речиси две децении.
Године 1977. је са супругом основао Позориште „Пуж“ које је данас једно од најзначајнијих дечјих позоришта у Србији.
„Пуж“ је изњедрио бројне представе за децу и одрасле, али и плејаду младих глумаца који су каријеру започели управо на његовим даскама. Бранко Коцкица је снимио десетак албума дјечјих песама.