Бизарни групи шират срамни теории на заговор за смртта на Вања, а Палчо за нив е патриот!

0
382

На социјалните мрежи се шират срамни завери за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес. Се формираат групи преку кои се бара правда за првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, кој според институциите е организатор и извршител на две убиства, објави plusinfo.mk.

Една таква скандалозна група која бара правда за осомничениот киднапер и убиец има скоро 100 членови и еден администратор – „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“.

Групата е формирана вчера наутро и во неа има неколку постови. Во нив Палчо најмногу се опишува како „вистински македонски патриот“.

На профилот на администраторот нема објави, но има 349 пријатели. Меѓу нив го нема профилот на Љупчо Палевски Палчо. Освен што бараат правда за Палчо, групата не ги споменува имињата на ниту еден друг обвинет, иако сите биле дел од партијата „Десна“.

Текстот во целост: plusinfo.mk