Во еден од венецијанските канали (Рио дела Верона) е снимена необична сцена, а во главната улога биле четворица туристи од Азија.
Тие уживаа во возењето со гондола, а потоа решија да направат групно селфи. Проблемот е што сите зазедоа страна, а епилогот ви е јасен.
Гондолиерот предупредил дека таквиот потег не е најбезбеден, но туристите не можеле, или не сакале да го разберат, пренесува Билд.
Чамецот се превртел и сите завршиле во каналот! За среќа, длабочината не била голема, но сигурно никој не уживал бидејќи температурата на водата била 13 степени.
Драмата заврши со интервенција на пожарникарите кои извлекоа луѓе на брегот.
telegraf.rs