Спасовски: Високософистицирани радари и дрегери за сообраќајната полиција

0
107

Во 2015 затекнавме 7 дрегери за алкохол и 10 радари, а сега покажуваме најдобри резултати во безбедноста во сообраќајот. Создавањето на подобри услови за полициските службеници директно ја зголемува ефикасноста на полиција и безбедноста на граѓаните.

🔹Во рамки на мерките и активностите на МВР во делот на материјално-техничкото унапредување на сообраќајната полиција за квалитетно извршување на своите работни обврски и надлежности, особено земајќи ги предвид засилените сообраќајни контроли по патиштата низ државата, покрај постојните 48 радари од типот LaserCam4 и 25 радари од типот Про ласер 3, во мај 2018 година извршена е набавка на нови 30 уреди за мерење на брзината на движењето на возилата – радари, а во 2020 година се набави опрема за ноќно снимање на возилата од пет уреди.
Во 2021 година, пак, набавени беа 50 уреди за мерење на брзината на движењето на возилата, кои се модерни, технички високософистицирани радари, што МВР по пат на јавна набавка, вредна 21.257.175 денари без ДДВ ги обезбеди за службениците на Сообраќајната полиција, сите опремени со уред и за ноќно снимање, далеку посупериорни од дотогашните, следствено на актуелните европски полициски стандарди во овој дел од полициското работење, поради што радарите од типот Про ласер 3 се повлечени од употреба.

Со оваа набавка МВР е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за брзина и алкохол по глава на жител е на исто или дури и повисоко ниво од земјите од Европската Унија.

🔹Што се однесува до уредите за мерење на количеството на алкохол во крвта – алкомери, на постојните 12 алкомери, во мај 2018 година набавени се 80 уреди за мерење на количеството на алкохол во крвта од марката дрегер 7510.
Во 2020 година, во согласност со член 374 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а со цел модернизација на уредите и опремата на организациските единици во МВР кои вршат контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта изврши набавка на опрема меѓу кои и 24 алкомери од марката AlkoQuant 6020. Во јули 2021 година, извршена е набавка на нови 40 уреди за мерење на количеството на алкохол во крвта – алкомери од марката дрегер 7510.

Или, во моментот организациските единици за контрола и регулирање на сообраќајот располагаат со вкупно 144 уреди за мерење на количеството на алкохол во крвта – алкомери.

#МВРфакти