Во куќа во гевгелиско пронајден починат 43-годишен маж!

0
140

Во Полициската станица Гевгелија денеска во 09.40 часот било пријавено дека во куќа во село Селемли, гевгелиско, бил пронајден починат 43-годишен маж.

-Од страна на лекар од Итна медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија, информира МВР.

По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото било предадено на обдукција.