Времето деновиве – Наутро студено, преку денот сончево и умерено облачно

0
162

Наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Попладне облачноста ќе се зголемува од запад. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро студено, а потоа сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во недела претежно во западните делови во попладневните часови и кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Потоа до четврток времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, Дневните температури во овој период ќе бидат во благ пораст, освен по котлините каде ќе има појава на магла.