(Видео) Пукање во кафана во Нови Сад, застрелан е млад човек

Пукање се случило во кафана во Нови Сад, јавуваат српските медиуми.

Според информациите, настанот бил 2 часа по полноќ, а на пукањето му претходела расправија.

Нешто после 02:00 часот дошло до пукање во кафана на патот Футошка во Нови Сад. Според неофицијални информации, на пукањето и претходела расправија и тепачка.

Напаѓачите по извесно време се вратиле и застрелале млад човек , засега непознато, со истрели од пиштол. Полицијата врши увид на лице место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

видео: 192_rs