Единаесет лица загинаа во судир меѓу вооружени напаѓачи од криминална банда и жители на мала земјоделска заедница во централно Мексико, соопштија властите.
Драматично видео од тепачката објавено на социјалните мрежи покажува селани со каубојски капи со српови и ловечки пушки како бркаат членови на банда среде рафали од автоматско оружје.
Полицијата во државата Мексико, која се наоѓа во близина на Мексико Сити, соопшти дека конфликтот се случил во селото Текскалтитлан, на околу 130 километри југозападно од главниот град.
Државната полиција соопшти дека осуммина од загинатите се членови на криминална група, додека тројца се жители на селото. Полицијата не ја идентификуваше бандата, но насилниот нарко картел Familia Michoacana доминира во областа веќе една деценија.
https://twitter.com/i/status/1733515119483601121